Alfa Romeo повторно претстави ново затегнување на брчките за компактниот модел Giulietta, со цел да го направи поатрактивен за потенцијалните купувачи и дизајнерски да го доближи до претстојните новитети.
Без многу визуелни измени, освежениот модел доаѓа со изменет преден браник со нова решетка која има текстура на саќе. Дополнителните измени се ограничени и вклучуваат понуда од нови дизајни на алуминиумски фелни и изменетото лого кое дебитираше кај Giulia.
Измените во ентериерот содржат нови материјали за тапацирот и украсните детали. Тука е исто така и подобрен Uconnect мултимедијален систем кој им овозможува на корисниците да се поврзат на Facebook, Twitter, TuneIn, Reuters, и TomTom.
Изведбата Giulietta Veloce оди еден чекор подалеку и носи поспортски браници, редизајнирани странични прагови и црни капаци на ретровизорите. Моделот исто така има кожни Alcantara спортски седишта, волан со зарамнето дно, детали од карбон и црвени контрастни детали.
Под поклопецот ќе се најдат повеќе погонски единици, вклучувајќи:
- 1.4-литарски TB со 120 кс и 215 Nm вртежен момент
- 1.4 TB MultiAir со 150 кс и 230 Nm вртежен момент
- 1.4 TB MultiAir TCT со 170 кс и 230 Nm вртежен момент
- 1.4-liter TB GPL со 120 кс и 215 Nm вртежен момент
- 1.6 JTDM со 120 кс со 280 Nm вртежен момент
- 2.0 JTDM со 150 кс и 175 кс
Најсилната Giulietta Veloce има 1.75-литарски турбо-бензински агрегат со 240 кс и 300 Nm вртежен момент и 340 Nm во Overboost. Ова му обезбедува на автомобилот забрзување од 0-100 км/ч за шест секунди пред да ја достигне максималната брзина од 243 км/ч.