full screen background image
Search

Сакате нешто различно? MTM подготви Amarok со 4.2-литарски V8 TDI!

Да, добро прочитавте – германските тјунери подготвија сопствена изведба на Volkswagen Amarok која носи 4.2-литарски V8 TDI со 410 коњски сили!

Името на овој проект е Amarok V8 Passion Desert, но ние ќе го викаме само Amarok V8. Игнорирајте ја бојата – ни нам не ни се допаѓа – но ни се допаѓа она што се крие под поклопецот на моторот. Таму се наоѓа големиот 4.2-литарски V8 TDI кој обично го носат големите модели на Audi. Секако, MTM не би биле MTM ако не го доработат малку моторот – па сега тој нуди 410 коњски сили и монструозни 930 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува кон сите четири тркала преку 8-степен Tiptronic менувач.

На Amarok V8 му се потребни 6 секунди да постигне 100 километри на час, а постигнува максимална брзина од 240 километри на час – секако, во зависност од пневматиците ои ќе ги одберете. Прикажаната верзија е на Cooper теренски гуми со димензи 305/50, поставени на 20х10 BBS алуминиумски тркала. Инженерите на MTM не заборавиле ни на сопирањето, па на големиот Amarok се вградени 405-милиметарски дискови напред и 356 милиметарски дискови позади.

И колку чини сето ова? Според MTM, „околу“ 200.000 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.