Објавени првите официјални фотографии од Toyota C-HR – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени првите официјални фотографии од Toyota C-HR

Јапонскиот производител ги објави првите фотографии од најновиот модел во својата понуда – ултра-футуристичкиот C-HR!

Сега за сега немаме никакви информации околу новиот кросовер на Toyota, освен тоа дека е поставен на новата TNGA платформа на јапонскиот производител, на која е поставен и новиот Prius. Новиот субкомпактен кросовер на Toyota се впушта во прилично компетитивен сегмент каде конкуренцијата доаѓа од Јапонија, но и од Америка и Европа – па останува да видиме како ќе се покаже.

Официјалната премиера е закажана за Женева, а продажбата ќе започне во 2017.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.