full screen background image
Search

BMW M760Li xDrive – Најблиску до M-верзија на Серијата 7!

Баварците ја претставија новата M760Li XDrive – моделот кој можеби не е чистокрвен M-автомобил, но е доволно блиску до тоа!

Ајде да почнеме од почеток – да, ова е новата Серија 7 на BMW, и да, името на моделот започнува со ознаката М. Под поклопецот се крие огромен 6.6-литарски V12 твин-турбо бензинец кој испорачува моќни 600 коњски сили при 5500 вртежи во минута и уште позначителни 800 Nm вртежен момент од само 1500 вртежи во минута. Силата се пренесува кон сите четири тркала преу 8-степен автоматски менувач, и благодарение на сето ова на големиот супер-седан му требаат само 3.9 секунди да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.

Големиот М760Li ќе го препознаете по редизајнираните браници, двојните издуви на задниот дел, страничните прагови и големите 20-инчни фелни кои се резервирани само за овој модел, а во ентериерот ќе добиете трокрак управувач, спортски предни седишта, алуминиумски педали и разно-разни M-Performance детали. Веќе знаеме многу за новата Серија 7, па навистина нема потреба да се повторуваме – па доволно е само да знаеме дека BMW нуди супер-седан кој забрзува „до стотка“ за само 3.9 секунди!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.