full screen background image
Search

Сакате да патувате? Тука е Peugeot Traveller i-Lab

Наменет за оние кои сакаат да патуваат, Traveller i-Lab е визијата на Peugeot за иднината на личниот или деловниот транспорт!

Иако е примарно замислен да биде подвижна канцеларија, не можеме да не се замислиме како патуваме наоколу во интересниот нов i-Lab. Инженерите од Peugeot ја препознале потребата за непречена конективност, па преку Traveller i-Lab нуди решение за тоа како патниците би можеле да останат поврзани додека се во движење.

Кабината има четири индивидуални седишта кои се завртени едно кон друго, а во средината е поставен голем, 32-инчен панел чувствителен на допир, и кој дополнително може да се движи во кабината за индивидуално или заедничко користење. Peugeot соработуваше со Samsung кога го развиваше овој огромен „таблет“, а во соработка со истата компанија се развиени и Wi-Fi и Bluetooth модули, како и места предвидени за полнење на мобилни уреди.

Подвижната канцеларија на Peugeot ќе го има своето деби во Женева, и иако сега за сега е само концепт – не би биле изненадени доколку французите решат да донесат вакво решение во сериско производство во иднина.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.