full screen background image
Search

BMW M3 и M4 добиваат вкупно 450 коњски сили благодарение на Competition пакетот

Баварскиот производител го претстави Competition пакетот за одличните M3 и M4 – кој вклучува визуелни, но и технички измени за вкупно 450 коњски сили!

Competition пакетот комбинира зголемување на моќноста со неколку стајлинг додатоци, но и повеќе опрема. Инженерите на BMW поработеле на твин-турбо линкискиот шест-цилиндерски бензински мотор кој е задолжен за BMW M3 и M4, и наместо 431 коњска сила, сега има на располагање одлични 450 коњски сили. Времето потребно да се постигнат 100 километри на час е намалено за 0.1 секунда – па сега на M3 и M4 им требаат 3.8 секунди „до стотка“ ако се опремени со автоматскиот менувач со двојна спојка.

Дополнително, купувачите ќе добијат адаптивна M суспензија, а доработени се и M-диференцијалот на задната оска, како и DSC системот за стабилност. Секако, тука се и новите 20-инчни тркала со 265/30 гуми напред и 285/30 гуми позади. На екстериерот ќе препознаете M Sports издувен систем со завршетоци од црн хром, како и црни отвори на ладилникот, странични отвори и ознака на задниот дел, а во ентериерот ќе добиете полесни M седишта и појаси со M-линии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.