full screen background image
Search

Volkswagen го претстави хибридниот Tiguan во форма на робустниот GTE Active Concept

Германците посветуваат сериозно внимание на хибридизација на својата гама – и најновиот модел кој наскоро ќе се понуди и во сериска варијанта е GTE Active Concept, базиран на новиот Tiguan!

Според она што го најавува Volkswagen, Tiguan GTE е „екстремна теренска верзија“ на Tiguan GTE кој го видовме минатата година. Секако, и новиот концепт е базиран на новиот Tiguan, а ќе го препознаете по поагресивните заштитни панели, теренските гуми, зголеменото растојание од подлогата, дополнителните светла и уште многу други ситници. Секако, тука е и неизбежниот 4Motion систем за погон на сите четири тркала.

Плаг-ин хибридниот автомобил комбинира 1.4-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 148 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, со два електромотори кои испорачуваат 54 коњски сили на предните, односно 114 коњски сили на задните тркала. Вкупната системска моќност е 221 коњска сила, а автомобилот е примарно електричен благодарение на помоќниот, заден мотор. Кога е потребно, предните тркала стануваат активни за дел од секундата, а преносот на сите четири тркала може да се контролира преку 4Motion Active Control системот. Според Volkswagen, Tiguan GTE Active Concept може да помине до 32 километри само на електрична енергија, а вкупната автономија е импресивни 933 километри. Во електричен режим, максималната брзина е 113 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.