full screen background image
Search

Lexus го претстави спектакуларниот LC500!

По долгите најави, луксузната гранка на Toyota го претстави својот нов знаменосец – големиот, моќен и луксузен LC500!

Akio Toyoda сакаше да го направи Lexus бренд кој предизвикува повеќе емоции – и едноставно не можеме да кажеме дека човекот не успеа во тоа. Она што до неодамна беше Lexus LF LC концептот, денес го имаме пред нас во сериска варијанта – и ќе се вика LC500.

LC500 е базиран на целосно нова платформа која го носи името GA-L и ќе се користи за уште неколку идни модели со моторот поставен напред и погон на задните тркала. Благодарение на новата платформа би требало да понуди повозбудливо искуство зад воланот – а тоа воопшто не би не изненадило, со оглед на тоа дека под поклопецот се крие 5-литарски V8 кој испорачува 476 коњски сили и 527 Nm вртежен момент.

Силата се пренесува кон задните тркала преку 10-степен Aisin автоматски менувач кој според најавите менува исто брзо како и менувач со двојна спојка. Менувачот е помал и полесен од некои од менувачите со 8 степени на пазарот, а во целата приказна улога игра и нов компјутер кој ги очекува следните чекори на возачот преку следење на забрзувањето, кочењето и латералните сили. На автомобилот му требаат „помалку од 4.5 секунди“ да постигне 100 километри на час, а максималната брзина сè уште не е официјално потврдена – но очекуваме и таа да биде импресивна.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.