Повеќенаменскиот Audi A4 Allroad Quattro е изложен во Детроит – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Повеќенаменскиот Audi A4 Allroad Quattro е изложен во Детроит

Audi ја престави Allroad Quattro изведбата од најновата генерација на А6 на сегашниот Интернационален Саем за Автомобили во Детроит.

Не можеме да кажеме дека сме изненадени што го гледаме новиот A4 Allroad Quattro, бидејќи Audi веќе ги претстави седан и авант верзиите од фамилијата A4. Новиот модел верно го следи познатиот Allroad рецепт, кој опфаќа повисока суспензија за 34-милиметри, заштитни пластики околу целата каросерија, кровни шини, како и стандарден Quattro погон на сите четири тркала.

Во понуда ќе доаѓа со 2.0-литарски турбо бензински агрегат со 249 кс и пет TDI дизелски погонски единици кои ќе произведуваат од 150 до 268 кс, усогласени со рачен шест-степен менувач, новата седум-степена S-tronic трансмисија со двојна спојка или редизајнираниот осум-степен типроник аутоматик.

2017-Audi-A4-Allroad-2

Новиот A4 Allroad Quattro располага со нова верзија од системот Audi Drive Select кој додава дополнителен Off-Road режим до веќе постоечките Comfort, Auto, Dynamic, Efficiency и Individual.

Најглавните промени се наоѓаат под каросеријата на моделот, така што задната trapezoidal-link суспензија е заменета со нова five-link конструкција, додека предната оска исто така располага со редизајнирана five-link суспензија.

2017-Audi-A4-Allroad-9

Моделот доаѓа со голем број познати безбедносни и возачко асистирачки системи, вклучувајќи предвидлив асистент за ефикасност, предупредување за излез и адаптивен темпомат со асистенција во густ сообраќај. Новиот додаток во гамата е помошта за маневрирање со приколка, која го користи Multi Media Interface контролерот за да го олесни управовањето со приколка.

Втората генерација на A4 Allroad Quattro ќе пристигне во претставништвата во Европа ова лето со цени кои започнуваат од 44,750 евра за основниот модел.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Audi ги претстави новите Q6 и SQ6 e-tron


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.