full screen background image
Search

Видео: Bugatti го најавува наследникот на Veyron – новиот Chiron

Наследникот на Veyron има навистина тешка задача – да го надмине легендарниот хипер-автомобил – а веќе се шпекулира дека ќе на надмине границата од 470 километри на час!

Според извор кој доаѓа од Чешката Република и наводно пренесува информации од презентација организирана од Bugatti за потенцијалните купувачи, наследникот на Veyron ќе носи мотор базиран на тековниот квад-турбо 8-литарски W16, но кој сега ќе нуди дури 1500 коњски сили и 1500 Nm вртежен момент.

chiron-geneva

Благодарение на овој мотор, Chiron ќе може да постигне 100 километри на час за само 2.2 секунди (колку за потсетување, кога Veyron се појави на пазарот за ова му беа потребни 2.9 секунди) и ќе може да постигне максимална брзина од 290 милји на час, односно 467 километри на час. Според истиот извор, овие бројки досега убедиле преку 130 клиенти да направат нарачка новиот Chiron.

Дополнително, изворот кажува дека производството ќе биде ограничено на само 500 примероци, а Bugatti ќе произведува само 100 секоја година, а секој примерок ќе чини од 2 милиони евра – па нагоре! Bugatti веќе најави дека Chiron ќе го има своето деби во Женева во Март, а тоа значи дека наскоро ќе почнеме да дознаваме повеќе информации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.