full screen background image
Search

Објавена прва скица од новата E-Class на Mercedes-Benz

Се интензивира откривањето на новата E-Class – Германците ја објавија првата официјална скица од новиот седан.

Скицата ја потпишува Robert Lesnik, човекот кој е одговорен за дизајнот на екстериерот на моделите на Mercedes-Benz. Од она што можеме да го видиме на скицата, новата E-Class влече инспирација како од помалата C-Class, така и од грандиозната S-Class. Сличностите со знаменосецот на Mercedes-Benz се повеќе од очигледни – особено во пределот на предните светлосни групи и отворите за воздух.

Секако, скицата не е со вистински пропорции, но според нас може да сугерира како ќе изгледа и неизбежната CLS-Class која најверојатно ќе пристигне на пазарот околу една година по премиерата на E-Class. Луѓето од Mercedes веќе на големо ги прикажуваат технологиите, но и времето инвестирано во развивањето на новата E-Class, па ние со нетрпение го чекаме новиот модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.