full screen background image
Search

Mitsubishi го освежи и малиот Space Star

Јапонскиот производител подготви и значителен фејслифт на најмалиот модел во својата понуда – малиот Space Star!

Space Star е интересен мал автомобил, кој ние веќе два пати го возевме. Малиот Space Star нуди многу простор и многу опрема по навистина ниска цена, а сега Mitsubishi го претстави освежениот модел.

На екстериерот се забележуваат новите браници и новите светлосни групи, како и новите хромирани детали кои имаат задача визуелно да го издигнат Space Star малку повисоко на скалилата. Во ентериерот забележавме нови материјали, нов панел со инструменти и нов управувач. Интересно – малиот Space Star е првиот Mitsubishi кој доаѓа со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.

За моќта повторно е задолжен 1.2-литарскиот 3-цилиндерски бензинец кој сега има 78 коњски сили и 100 Nm вртежен момент.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.