full screen background image
Search

Mitsubishi го претстави освежениот ASX во Лос Анџелес

Популарниот кросовер на Mitsubishi во САД го носи иметo Outlander Sport, а со најновото затегнување на брчките сега и многу повеќе наликува на својот поголем брат!

Јапонскиот производител полека но сигурно ја напушта Jet Fighter предната маска која ја воведе со Lancer и потоа ја пренесе на сите други модели, и ја заменува со Dynamic Shield дизајнерската филозофија која ја видовме кај фејслифтираниот Outlander.

Сега, истата таа филозофија доаѓа и кај помалиот ASX. На северно-американскиот пазар, малиот ASX се нарекува Outlander Sport, а со најновото освежување кросоверот на Mitsubishi наликува уште повеќе на својот поголем брат. Во ентериерот забележуваме и нов управувач, подобрени материјали, нов дизајн за некои од контролите и уште некои ситни разлики. На надворешноста за бележуваме ситни измени околу целиот автомобил, а според најавеното во понудата ќе се најдат и три нови бои.

Во САД, Outlander Sport ќе се нуди со 2.4-литарски MIVEC бензинец, додека во Европа најверојатно ќе останат досегашните бензински и турбодизел мотори кои веќе се нудат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.