Премиера: Новата, голема и луксузна Mazda CX-9! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новата, голема и луксузна Mazda CX-9!

Mazda ја претстави новата генерација на својот најголем SUV – големиот CX-9, кој во САД ќе се нуди со 2.5-литарски турбо-бензинец со 250 коњски сили!

KODO дизајнерскиот јазик на Mazda и тука е успешно применет, па новиот CX-9 изгледа модерно, привлечно и пред сè – скапо. Големиот SUV е долг 5065 милиметри, но истовремено е 90 или 130 килограми полесен од својот претходник, во зависност од тоа дали ќе го изберете со погон само на предните или на сите четири трала.

Во ентериерот ќе ве пречекаат три реда седишта, многу кожа и многу различна опрема. Меѓу системите кои ќе се вградуваат во новиот CX-9, Mazda ги истакнува системот за следење на слепата точка, радарскиот темпомат, системот за следење на лентата на движење, системот кој предупредува кога ја напуштате лентата на движење, автоматсите долги светла, паметното сопирање во град, и уште многу други системи.

Како што веќе напоменавме, 2.5-литарскиот турбо-бензинец испорачува 250 коњски сили, а ќе се нуди само во комбинација со 6-степен автоматски менувач. Интересен податок кој Mazda го истакнува е дека на рамен пат при брзина од 88 километри на час (односно 50 милји на час) на автомобилот му се потребни само 18 коњски сили да ја одржува брзината. Импресивно!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.