Nissan најавува автономна, електрична иднина со IDS Concept! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan најавува автономна, електрична иднина со IDS Concept!

Новиот концепт на јапонскиот производител е преполн со нова технологија и најавува интересна иднина за автомобилите.

IDS Concept ја претставува визијата на Nissan за автономни автомобили кои ќе работат на елетрична енергија. Според познавачите, IDS ја најавува и втората генерација на електричниот Nissan Leaf, но според Nissan сè уште е рано да се зборува за тоа.

Автомобилот има два режими на работа – мануелен и автономен. Во мануелниот режим возачот ја има контролата врз автомобилот, но сепак Nissan Intelligent Driving му го олеснува возењето преку многуте сензори кои ги надгледуваат условите на возење. Во автономниот, Piloted Driving режим, автомобилот ја презема контролата но продолжува да го имитира начинот на возење на возачот.

Ентериерот овозможува флексибилност поврзана со режимите на возење. Во автономен режим управувачот се вовлекува во централната конзола и ослободува повеќе простор во ентериерот, а сите седишта може малку да се завртат навнатре за полесна комуникација меѓу патниците. Многу внимание е посветено на аеродинамиата, а автомобилот е поставен на тенки (димензија 175) гуми кои се поставени на самите рабови на автомобилот за да се ослободи колку што е можно повеќе простор во ентериерот.

Иднината на Nissan изгледа интересно, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.