full screen background image
Search

Премиера: Новото Mini Convertible!

MINI ја претстави топлес верзијата на својот најпопуларен модел – новиот MINI Convertible ќе се нуди со мотори од 116 до 231 коњски сили!

Новиот Mini Convertible е забележливо поголем од својот претходник – сега е 98 милиметри подолг, 44 милиметри поширо и 1 милиметар повисок – односно, сега е 3281 милиметар долг, 1727 милиметри широк и 1415 милиметри висок. Дополнително, има поширока трага и подолго меѓуоскино растојание, но и 25% поголем багажен простор – сега дури 215 литри (односно 160 литри ако е отворен кровот).

Mini Convertible ги дели моторите со обичното Mini, но поради додаените 120 килограми поради структурни зајакнувања на шасијата и механизмот за кровот, перформансите се малку намалени во однос на роднината со тврд кров. Сепак, во понудата ќе се најдат 136-коњскиот 1.5-литарски три-цилиндерски мотор во Cooper, како и 2-литарскиот четири-цилиндерски мотор со 192 коњски сили во Cooper S – обата со турбополнач. Европските купувачи ќе добијат и 116-коњски турбодизел со 3 цилиндри во Cooper D, а понатаму ќе се понуди и турбодизел со 170 коњски сили, како и модел со 231 коњска сила кај John Cooper Works моделот. Купувачите ќе можат да изберат меѓу шест-степен мануелен или шест-степен автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.