Nissan планира да претстави 30 нови модели! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan планира да претстави 30 нови модели!

Планот на јапонскиот бренд „The Arc” e да излезе со 30 нови модели на глобално ниво во следните три години.

Nissan објави дека ќе лансира пет нови електрични возила во Европа до 2026 година. Првиот модел кој ќе пристигне ќе биде новата Nissan Micra, која ќе биде претставена подоцна оваа година. Таа е базирана на истата технологија што го придвижува ново претставениот Renault 5 E-Tech.

Се работи за новата платформа AmpR Small на Ampere групацијата. Следната генерација на Nissan Juke ќе ги користи истите основи и се очекува да биде претставен како ривал на Jeep Avenger во секторот за мали теренци. Во меѓувреме, новиот Leaf очекуваме да биде кросовер кој ќе ја користи AmpR Medium платформата.

Другите две електрични возила кои се потврдени за Европа се комбиња. Првото е целосно електричнoто панел комбе Interstar – ривалот на Nissan Ford E-Transit кое ќе се пристигне во втората половина на 2024, а второто ќе биде нов компактен LCV базиран на FlexEVan на Renault.

Уште еден нов модел до 2026 година кој е наменет за европскиот пазар до 2026 година е фејслифтираната верзија на најпродаваниот Nissan Qashqai. Nissan најверојатно ќе го искористи ова за да ја претстави третата генерација на својата хибридна e-Power технологија која доаѓа и во Европа. Во споредба со сегашните e-Power модели, погонските единици од третата генерација можат да обезбедат 20 отсто повеќе моќност и 10 отсто зголемена економичност.

Амбициозниот план „The Arc” на Nissan е да претстави 30 нови модели ширум светот во следните три години, од кои 16 ќе бидат електрифицирани, а останатите ќе имаат мотори со внатрешно согорување. Nissan исто така работи на нови технологии за батерии и планира значително да ја подобри својата технологија. До 2028 година, кога Nissan планира да лансира електричен SUV со седум седишта, батериите ќе бидат 50 отсто погусти на енергија а брзото полнење ќе се скрати за 50 проценти.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!