Porsche Macan GTS – Златна средина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Macan GTS – Златна средина!

Новиот Macan GTS е предвиден да дојде токму на средина меѓу Macan S и Macan Turbo – со тоа што ќе понуди 360 коњски сили и 500 Nm вртежен момент!

Светската премиера на Macan GTS е на токискиот авто-салон, а „златната средина“ во понудата на Macan го добива истиот 3-литарски твин-турбо V6 до Macan S, но сега нуди 360 коњски сили и 500 Nm вртежен момент – зголемување од 20 коњски сили и 40 Nm.

Стандардно се нуди со седум-степен PDK автоматски менувач со двојна спојка, а благодарение на зголемената моќност стигнува до 100 километри на час за 5.2 односно рамно 5 секунди ако го нарачате Sport Chrono пакетот. Максималната брзина е ограничена на 257 километри на час. Дополниотелно, инженерите на Porsche посветиле малку внимание и на системот за управување со стабилноста, ги зголемиле сопирачките (на 360 милиметри напред и 330 милиметри позади), додаден е спортски издувен систем, како и воздушна суспензија – и GTS е 10 милиметри поблиску до подлогата од Macan Turbo.

Macan GTS ќе го препознаете по црните детали на екстериерот, големите 20-инчни RS Spyder тркала, LED предните светла, GTS деталите во ентериерот и уште многу други ситници. Продажбата започнува наскоро!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.