full screen background image
Search

Nissan со концептот Gripz најавува спортски кросовер!

Со концептот Gripz, Nissan наговестува како би можел да изгледа спортски кросовер наменет за помладите купувачи кои сакаат модерен и забележителен дизајн!

За време на саемот на автомобили во Франкфурт, Nissan го претстави Gripz – автомобил кој – според Nissan – има двојна личност. Според Nissan, со Gripz би можеле да ги завршите секојдневните обврски во градот, па за викенд да појдете на некаква авантура.

Gripz е придвижуван од технологија која се нарекува Pure Drive – ова е хибридна комбинација каде бензински мотор на внатрешно согорување произведува електрична енергија со која се напојува истиот електромотор кој се користи во Nissan Leaf. Концептот е поставен на големи, 22-инчни тркала и влече инспирација од двојниот карактер на велосипедите – возила кои сопствениците ги користат за да се движат во урбаната џунгла, но потоа со истите заминуваат на адреналинска авантура.

Интересни се шпекулациите дека Nissan со Gripz најавува кросовер кој ќе биде дел од Z-гамата на производителот, и би се нудела покрај наследникот на Nissan 370Z.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.