Bugatti го претстави својот екстремен Vision GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti го претстави својот екстремен Vision GT!

Ако некој производител заслужуваше да направи свој Vision GT автомобил, тогаш тоа би бил Bugatti – и токму тоа го направија – запознајте го Bugatti Vision GT!

Екстремниот концепт на Bugatti е достапен за возење во Gran Turismo 6 – но луѓето од Bugatti отидоа чекор понатаму и направија вистински примерок на овој автомобил. Не кажуваат ништо за моторот кој го придвижува, но големиот број 16 на предниот отвор за воздух потврдува дека некаде под таа прекрасна каросерија се крие големиот квад-турбо W16 кој го придвижува и „обичниот“ Veyron – а тоа значи повеќе од 1200 коњски сили се на располагање!

Интересно, од Bugatti изјавуваат дека „Bugatti Vision Gran Turismo е првиот чекор кон новото патување кое Bugatti го започнвуа по успешното завршување на поглавјето со Veyron, и ќе кулминира со претставување на следниот Bugatti супер-спортски автомобил во не-толку-далечната иднина. Овој проект го најавува новиот дизајнерски јазик на Bugatti, кој го развивме за да го прославиме следното поглавје во историјата на нашата компанија.“

Ние сме возбудени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.