full screen background image
Search

Hyundai го претстави робустниот i20 Active

Базиран врз привлечниот i20, новиот i20 Active е поробустна изведба на малиот градски хечбек!

Формулата за овие мали кросовери е лесна – изберете постоечки модел, зголемете го оддалечувањето од подлогата, додадете пластични заштитни панели и изменете уште некои ситници – и добивате нова веријанта на постоечкиот автомобил.

hyundai-i20-active-rear

Во овој случај, рецептот се покажува како успешен. На официјалните фотографии i20 Active изгледа привлечно и модерно, но сега за сега нема никаква најава дека i20 Active ќе добие погон на сите четири тркала – останува само со погон на предните. Она што е ново е вестта дека i20 Active ќе биде придвижуван од новиот три-цилиндерски 1-литарски турбо-бензинец кој се нуди со 99 или 118 коњски сили!

hyundai-i20-active-interior

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.