Audi SQ5 TDI plus – Повеќе моќ и ексклузивна опрема! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi SQ5 TDI plus – Повеќе моќ и ексклузивна опрема!

Audi ја претстави помоќната изведба на SQ5 TDI – под поклопецот на моторот се крие 3-литарскиот BiTDI со 340 коњски сили!

Новиот SQ5 TDI plus е новиот врв на дизелската понуда на Q5. Под поклопецот на моторот се крие веќе познатиот 3-литарски BiTDI мотор кој сега е дополнително „навиен“ и нуди 340 коњски сили (стандардната верзија нуди 318) и цели 700 Nm вртежен момент – тоа е 22 коњски сили и 50 Nm повеќе од стандардниот SQ5 TDI. Благодарение на зајакнатниот мотор, SQ5 TDI plus забрзува до 100 километри на час за 5.1 секунда, а максималната брзина останува ограничена на 250 километри на час.

Секако, дел од стандардната опрема е Quattro погонот на сите четири тркала, но за прв пат било која изведба на Q5 добива спортски диференцијал на задната оска, а силата се пренесува на подлогата преку 21-инчни црни Audi Sport тркала обвиени во 225/40 R21 гуми.

Покрај посилниот мотор, SQ5 TDI plus добива сјаен црвен пакет на надворешноста, како и агресивен издувен систем на задниот дел. Во ентериерот се добива лизгачка задна клупа, наслони за рацете обвиени во кожа, ентериерот е обвиен во Nappa кожа со сребрени опшивки. Дополнително, може да се нарача ексклузивната сина боја, но таа ќе биде достапна за само 100 примероци. Доколку ја одберете оваа боја, и опшивките во ентериерот ќе бидат во истата Macaw сина боја.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.