full screen background image
Search

Нешто ново од Русија – претставена Lada Vesta Cross Concept

Lada го искористи московското оф-роуд шоу за да го претстави својот нов концепт!

Рускиот производител ја опишува Vesta Cross Concept како „караван наменет за сите терени“. Базиран на Vesta, концептот доаѓа со црна предна маска, заштитни пластични додатоци на каросеријата, како и метални украсни елементи. Се забележуваат и алуминиумски фелни, автоматски менувач и поисока суспензија.

Според официјалните изјави, Vesta Cross Concept би можела да биде најава за сериски модел, но според претседателот на AVTOVAZ – Bo Inge Andersson – иако има шанса моделот да оди во сериско производство, „сепак е премногу рано за да се збори за услови и спецификации.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.