Популарниот SUV на KIA наскоро ќе навлезе во својата четврта генерација, а корејскиот производител ги објави првите официјални фотографии од новиот Sportage!
Она што веднаш може да се забележи е дека новиот Sportage ги следи дизајнерските насоки кои KIA ги воведе со новиот Cee’d, односно Pro_Cee’d GT. Tiger Nose предната маска гордо доминира на предниот дел, а околу целиот автомобил се забележуваат поостри и поинтересни детали.
Новиот Sportage е вистински глобален автомобил на KIA, и е дизајниран примарно во дизајнерскиот центар на KIA во Европа, но свој придонес имаат и дизајнерските центри во Namyang, Кореја и Irvine, Калифорнија.
Официјалното деби е закажано за саемот на автомобили во Франфурт, кога и ќе ги добиеме сите детали околу новиот Sportage.