full screen background image
Search

Новиот Škoda Superb пристигна во Скопје!

Знаменосецот на чешкиот дел од Volkswagen групацијата пристигна во Македонија!

Новиот Superb пристигна во Салонот на Шкода Македонија. Третата генерација на Superb ја дели платформата со големиот Volkswagen Passat, но има зголемено меѓуоскино растојание за да може да понуди уште повеќе простор, како и импресивен багажен простор.

Цените на новиот Superb започнуваат од 20.500 евра за Superb 1.4 TSi со 150 коњски сили или 21.200 за Superb 1.6 TDI со 120 коњски сили. Се нуди во четири нивоа на опрема – почнувајќи од Active, па Ambition, Style и врвниот Laurin & Klement. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност и ние да седнеме зад воланот на Superb и да видиме како големиот чешки седан ќе се справи со силната конкуренција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.