Renault ја претстави караванската изведба на Talisman! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ја претстави караванската изведба на Talisman!

По претставувањето на новиот седан со име Talisman, франускиот производител отиде чекор понатаму и ја претстави караванската изведба на новиот модел!

Караванот е базиран на седанот, но како што и очекувавме, има значителни измени во задниот дел. Според Renault, димензиите се исти – автомобилот е 4860 милиметри долг, 1870 милиметри широк и 1460 милиметри висок, а и меѓуоскиното растојание останува непроменето – 2810 милиметри. Она што е различно е багажниот простор – кој сега има капацитет од 572 литри – седанот има 608 литри, но кај караванот има повеќе вертикален простор. Со преклопување на задните седишта на располагање стојат цели 1700 литри.

Караванот ќе биде достапен со истите мотори како и седанот – тука се бензинските Energy TCe 150 и Energy TCe 200 со 150 и 200 оњски сили, како и дизелите со 110, 130 и 160 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.