full screen background image
Search

KIA ја најавува новата, динамична генерација на Sportage!

На 15 септември, на овогодинешниот саем за автомобили во Франкфурт, Kia Motors за прв пат ќе го претстави целосно новиот Sportage.

Четвртата генерација на новиот Sportage ја карактеризира смел и прогресивен дизајн, што зрачи со моќност и агилност од секој агол. Стилот на динамичниот и компактен SUV создава визуелна хармонија, што произлегува од спој на храбри и прецизни линии со драматично извајана каросерија.

kia-sportage-sketch-interior

Во внатрешноста, целосно новиот Sportage ги спојува едноставниот и модерен стил со високиот квалитет на материјалите. Кабината на новиот Sportage е досега најсофисти-цираната кабина на Kia со највисок квалитет. Купувачите ќе можат да очекуваат избор меѓу мануелен или автоматски менувач, како и погон само на предните или на сите четири тркала.

kia-sportage-sketch-rear

Со дизајнот на новиот модел, предводен од европскиот центар за дизајн од Франкфурт, целосно новиот Sportage ја претставува иднината на Kia. Новиот Sportage ќе ја дели платформата со новиот Hyundai Tucson, а во европа ќе се нуди со два бензински и три дизел мотори – 1.6-литарсккиот атмосферски бензинец со 132 коњски сили, 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 175 коњски сили, како и 1.7-литарски турбодизел со 115 коњски сили и две верзии на 2-литарскиот турбодизел со 136, односно 186 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.