Mercedes-Benz најавува S-Class Convertible – голем кабриолет со четири седишта! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz најавува S-Class Convertible – голем кабриолет со четири седишта!

Mercedes-Benz објави официјална скица од новиот S-Class Cabriolet кој треба да го има своето деби следниот месец на саемот на автомобили во Франкфурт!

Според Mercedes-Benz, ова ќе биде нивниот нов знаменосец, и првиот голем кабриолет со четири седишта од 1971! Големиот S-Class со отворен покрив ќе ја носи ознаката A217 и ќе има електрично-придвижуван платнен кров со голем стаклен заден прозорец. Кровот е дизајниран да изгледа како оној на S-Class Coupe иако автомобилот е подолг за да има простор каде да го складира преклопениот кров.

Повеќе ќе знаеме во Септември!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.