full screen background image
Search

Официјален тјунинг пакет од Ford Performance – Focus ST со 275 коњски сили!

Инженерите од Ford Performance подготвија официјален и екстензувен тјунинг пакет за Focus ST – па жешкиот хечбек може да има 275 коњски сили!

Пакетот е дизајниран да „ги зголеми перформансите без да страда доверливоста на автомобилот“. Во пакетот се вклучени оптимизиран ECU, нов интеркулер со зголемен проток на воздух, подобрен систем за „дишење“, како и mTune уред. Благодарение на сите овие модификации, Focus ST може да има до 275 коњски сили и 400 Nm вртежен момент – зголемување од 23 коњски сили и 35 Nm.

Тоа можеби не звучи како многу, но имајте во предвид дека се работи за официјален, фабрички тјунинг пакет и дека со вградувањето на овој тјунинг пакет не се губи гаранцијата на автомобилот. Сега за сега се нуди само во САД (каде чини 1900 американски долари), но не би биле изненадени доколку се појави и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.