full screen background image
Search

Infiniti ќе се бори со европските конкуренти – претставен новиот Q30!

Луксузниот огранок на Renault-Nissan алијансата го претстави новиот Q30 – компактен хечбек кој треба да се носи рамо-до-рамо со европските конкуренти!

Infiniti за прв пат влегува во класата на премиум компактни хечбекови, и тука ќе треба да се соочи со докажани и квалитетни конкуренти – меѓу кои би ги вброиле BMW 1-Series, Audi A3, Mercedes-Benz A-Class, па и сèприсутниот Volkswagen Golf. Интересен податок е дека компакниот хечбек на Infiniti ја дели MFA платформата и многу од компонентите со A-Class на Mercedes-Benz.

Според официјалната објава на Infiniti, „новиот Q30 претставува возило кое ги руши постоечките категории и е развиено за клиенти кои сакаат урбана индивидуалност. Динамичните возни својства нудат самоиуверени и респонзивни перформанси, како и одличен комфор и управување.“

Сега за сега нема никакви информации за перформансите, но 2.2d значката сугерира дека под поклопецот се крие 2.2-литарски турбодизел кој влече потекло од Mercedes-Benz и нуди 170 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Новиот Q30 ќе се произведува во фабриката на Nissan во Sunderland, Обединетото Кралство, а ќе се продава во Европа, Азија, Северна Америка и Кина. Светската премиера е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.