full screen background image
Search

Премиера: Претставени новите Audi A4 и A4 Avant!

Луксузниот бренд од Инголштад ја претстави новата генерација на Audi A4, како и караванската изведба – A4 Avant!

Новиот модел доаѓа со нови мотори, нови технологии, но и значително олеснување – новата генерација на Audi A4 е до 120 килограми полесна од својата претходничка, иако новиот автомобил е поголем и со подолго меѓуоскино растојание. Оние кои ценат практичност, ќе го ценат големиот багажен простор кај A4 Avant од одлични 505 литри, кој расте на вкупно 1510 литри кога ќе се спуштат задните седишта.

А4 доаѓа со нов модуларен систем за мултимедија, кој се комбинира со MMI Navigation Plus и се поврзува со интернет преку можноста за LTE 4G конекција. Тука е и можноста за целосно интегрирање на паметен телефон во околина развиена токму за оваа намена, а новитет е и Audi Tablet-от кој е задолжен за овозможување забава на задните седишта.

На самиот почеток новата A4 ќе се лансира со седум мотори – четири турбодизели и три бензинци. Дизелите доаѓаат во форма на 2.0 TDI со 150 коњски сили и 320 Nm, како и 2.0 TDI со 190 коњски сили и 400 Nm,  потоа тука е поголемиот 3.0 TDI со 218 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, како и моќниот 3.0 TDI со 272 коњски сили и дури 600 Nm вртежен момент. Боите на бензинците ќе ги бранат 1.4 TFSI со 150 коњски сили и 250 NM вртежен момент, како и 2.0 TFSI кој ќе се нуди во две опции – со 190 коњски сили и 320 Nm вртежен момент, како и опција со 252 коњски сили и 370 Nm вртежен момент. Секако, тука е неизбежниот Quattro погон на сите четири тркала, и опцијата за избор меѓу мануелен и автоматски DSG менувач со двојна спојка.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Електричниот Audi A6 e-tron Concept поминува 700 километри со полни батерии!

Интересна опција во понудата е A4 Avant g-tron кој доаѓа со 2-литарски TFSI со 175 коњски сили кој може да работи и на компримиран природен гас (CNG). Резервоарите кои се вградуваат под автомобилот можат да носат до 19 килограми CNG, а според Audi потрошувачката на гас е само 4 литри на 100 километри, а автономијата на CNG е 500 километри. Кога ќе се потроши природниот гас, A4 Avant g-tron може да помине дополнителни 450 километри на бензин.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.