full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат 0.5, дизелот 1.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва на полноќ да ги намали цените на бензинте и дизелот!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.08%. Тоа значи дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 0.5 денари за литар, и овие горива ќе се продаваат по цена од 71, односно 73 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари и цената на ова гориво ќе изнесува 55 денари за литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.