full screen background image
Search

Премиера: Lotus 3-Eleven – Најбрзиот уличен Lotus на сите времиња!

Екстремниот Lotus 3-Eleven има на располагање 450 коњски сили, но тежи помалку од 900 килограми – а тоа ветува перформанси од кои застанува здивот!

Освежениот 3.5-литарски V6 испорачува 450 оњски сили при 7000 вртежи и дури 450 Nm вртежен момент од 3500 до 6500 вртежи во минута – а во автомобил кој тежи помалку од 900 килограми, тоа ветува 500 коњски сили на тон – територија на хипер-автомобилите! Забрзувањето до 100 километри на час трае помалку од 3 секунди (здраво Bugatti Veyron, Ferrari LaFerrari, Porsche 918, McLaren P1) а максималната брзина е ограничена на 290 километри за уличната верзија, односно 280 километри на час за тркачката.

Ентериерот е минималистички а совозачкото седиште лесно се отстранува, за да може тој дел да биде прекриен заради подобрување на аеродинамиката. TFT екран во боја му ги пренесува најважните детали на возачот, а автомобилот ќе чини од 115.000 евра за уличната верзија. Ќе бидат произведени само 311 примероци – па затоа – побрзајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.