full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ford Focus RS е подготвен за Goodwood!

Goodwood Фестивалот на Брзината е место за многу светски премиери, а меѓу најважната е новиот Ford Focus RS кој нуди 350 коњски сили и 440 Nm вртежен момент!

Внимателното калибрирање на моторот обезбеди одлична реакција од погонот со моќно средно повлекување, што достигнува до максимална горна граница од 6.800 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент од 440 Nm се постигнува помеѓу 2.000 и 4.500 вртежи во минута, а 470 Nm се достапни најмногу 15 секунди при краткотрајно оптоварување при нагло забрзување.

Инспиративните перформанси бараат инспиративна музика. Инженерите за високи перформанси на Ford го направија RS за да обезбеди соодветен и спортски звук при посветено возење, со карактеристичните жуборења и потпукнувања што се заштитен знак на RS.

Зад воланот на Ford Focus RS во Goodwood ќе биде легендарниот Ken Block – миленикот на вљубениците во автомобилите кој секогаш подготвува одлична забава!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.