Новата Серија 7 на BMW доаѓа со многу нови иновативни и модерни технологии – како што и се очекува од знаменосецот на баварскиот бренд – па утрово ќе го започнеме со најважните детали!
Погледнете го неколкуминутното видео и видете како функционира автоматското паркирање, контролирањето преку гестикулации и другите интересни нови иновации. Додека го пиете утринското кафе, уживајте во технологиите на новото BMW 7!