Mitsubishi конечно почна да работи на новиот Lancer! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi конечно почна да работи на новиот Lancer!

Конечно некакви конкретни новости за новиот Lancer – Mitsubishi веќе работи на следната генерација на популарниот седан!

Под-претседателот на Mitsubishi North America – Don Swearingen – потврди дека компанијата започнала да работи на следната генерација на Lancer. Mitsubishi се обидуваше да направи договор за соработка со некој партнер, со што би се намалиле трошоците (своевремено беше потврдено дека тоа е Renault), но тие преговори пропаднаа. Во моментов се шпекулира дека Mitsubishi преговара со Nissan, но ништо не е потврдено.

Сепак, според Swearingen, компанијата работи паралелно со барањето нов партнер „бидејќи не можеме да чекаме и да видиме дали ќе се оствари некаков договор. Ако не успее, ќе касниме уште една година.“ Без разлика на тоа дали ќе се постигне нов договор или не, новиот Lancer ќе го видиме дури за 18 до 24 месеци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.