full screen background image
Search

Следниот Mitsubishi Lancer Evolution ќе биде дизел-хибрид?

Претседателот на компанијата го претстави планот за преструктурирање и оптимизрање на производите на компанијата, и истовремено почнавме да слушаме шпекулации за следниот EVO!

Претседателот на Mitsubishi – Osamu Masuko – го претстави планот кој го носи името „New Stage 2016“ и погодувате – тој треба да се оствари помеѓу 2014 и 2016. Според овој план, лепезата на продукти на Mitsubishi ќе добие сериозно реструктурирање и ќе се намали од сегашните 23 модели изградени врз 12 различни платформи на 13 модели изградеин на само 7 различни платформи. Дополнително – Mitsubishi ќе развие два седан автомобили врз платформи на Renault.

И токму тука работите стануваат интересни – следниот „цивилен“ Mitsubishi Lancer ќе биде изграден врз платформа на Renault – најверојатно врз платформата на следниот Renault Megane, но Lancer Evolution ќе биде поставен на независна и посебна платформа. Според изјавата на Osamu Masuko дадена во 2011 – новиот Lancer Evolution ќе биде нешто сосема различно од досегашното. Според него, тоа што ќе го видиме во иднина ќе биде „сосема нов EVO кој користи иновативна технологија и ќе има инспирирачко управување.“

mitsubishi-evo

Интересно е што според извори во Mitsubishi, новиот Evo ќе биде толку различен од досегашните, што сосем е можно да добие и ново име. Но, колку различен? Според истите извори, Mitsubishi во моментов експериментира со мал турбо-дизел мотор со директно вбризгување и еден или два електромотори. Дизел моторот кој во моментов е во игра е мал, 1.1-литарски турбодизел кој испорачува 135 коњски сили. Да, тоа е истиот мотор кој беше претставен како дел од XR-PHEV концептот на неодамнешниот Токиски саем на автомобили. Дополнително, Evo би имал електромотори поставени напред и позади, како и следната генерација на S-AWC (Super All Wheel Control) системот за погон на сите четири тркала.

Поврзано:   Мак Аутостар е најдобриот европски дистрибутер за Mitsubishi за 2020!

Веќе подолго време се шпекулира која ќе биде иднината на најпознатиот модел на Mitsubishi, но и општо на Lancer како модел, кој е меѓу водечките модели на Јапонскиот бренд. Сведоци сме дека Mitsubishi навистина инвестира во plug-in хибридната технологија и вложува многу ресурси во неа. Хибриден Lancer Evo придвижуван од минијатурен, 3-цилиндерски дизел мотор? А зошто да не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.