full screen background image
Search

Audi ќе освојува Гинисов рекорд!

Еден примерок на Audi A6 2.0 TDI Ultra ќе се обиде да освои Гинисов Рекорд – за број на поминати земји со еден резервоар гориво!

Германскиот Audi и британскиот RAC ќе се обидат да постават нов светски рекорд за број на земји поминати со еден резервоар гориво. Зад воланот ќе бидат автомобилскиот новинар Andrew Frankel и тркачкиот возач Rebecca Jackson, а ќе возат А6 2.0 TDI Ultra со 2-литарски, 4-цилиндерски TDI турбодизел кој испорачува 190 коњски сили (всушност, истиот мотор кој ние неодамна го возевме токму во Audi A6).

Нивната авантура ќе започне во Холандија, а ќе патуваат по внимателно избрана рута која избегнува густ сообраќај во градовите и автопатиштата. Патот ќе ги однесе од Холандија, низ Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија, Германија, Италија и кон Балканските земји. Им посакуваме среќа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.