full screen background image
Search

Во сабота ќе се одржи 10-тата меѓународна изложба на историски возила

Оваа сабота во кругот на Еуроимпекс ќе се одржи 10-тата меѓународна изложба на историски возила, а своето учество го имаат најавено 70 автомобили и 20 моторцикли!

„Еуроимпекс“, Генералниот увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора и Косово и оваа година е домаќин на јубилејната X-тата по ред меѓународна изложба со историски возила. Настанот ќе се одвива оваа сабота на 13-ти јуни, со почеток од 11 часот во кругот на компанијата „Еуроимпекс“. Организаторите „Еуроимпекс“ и „АМК Џип рели спорт“, најавија богата програма и уживање за посетителите. Настанот ќе има двоен карактер – посетителите ќе имаат прилика преку историските возила да се „навратат наназад“, но и да погледнат во „иднината“ тестирајќи ги новите модели на Peugeot.

oldtajmeri-skopje-voinovski

„Сакам да истакнам дека нам како домаќин, чест ни е што во кругот на нашата компанија го организираме овој настан, и тоа втора година за ред. Сето, повторно има своја симболика – историјата на „олд тајмерите“ се поврзува со историјата на нашата компанија,… Во оваа 2015-та година го одбележуваме 25 годишното успешно функционирање на Еуроимпекс. А, за овие 25 години, зад нас имаме реализирано мноштво на успешни проекти. На настанот во сабота, ќе има за секого по нешто.“ – изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор – Еуроимпекс.

oldtajmeri-skopje-pelivanov

„Тимот кој победува не се менува“ – изјави г-динот Димитрије Пеливанов, претседател на АМК Џип Рели спорт и делегат на X-тата меѓународна изложба со историски возила и додаде:

„Ланскиот настан го најавивме како најдобрата изложба досега, верувајте беше многу тешко да се надминат високо поставените стандарди. Овогодинешниот настан ќе располага со уште повеќе историски возила – оригинали кои ќе нè вратат низ времето. Задоволство ми е официјално да известам дека во сабота, на оваа локација ќе бидат изложени 70 возила и 20 мотоцикли.

Поврзано:   Power Of Choice стратегијата на Peugeot ја дефинира еко-мобилноста на брендот

Чест ми е да истакнам дека на 10-тата Меѓународна изложба на историски возила, 11 возила ќе бидат од брендот Peugeot, a останатите возила ќе се од други брендови. На минатогодишниот состанок меѓу изложувачите и организаторот, ја прифативме сугестијата на изложувачите, така што оваа година формиравме комисија за оценка на возилата.“

Комисијата е составена од стручни лица, ја сочинуваат:

  • Г-дин Васил Стамболиски, Претседател на комисијата за историски возила
  • Г-дин Томислав Биљарац –Член на комисијата
  • Г-дин Мојсије Милосавњевски – Член на комисијата
  • Г-дин Цане Костовски – Член на комисијата
  • Г-дин Јовче Стефанов – Член на комисијата.

oldtajmeri-skopje-ivana

Покрај изложба со историски возила, посетителите ги повикуваме и на големо тест возење на моделите на Peugeot. Посетителите ќе имаат прилика да направат тест возење на: Peugeot 208, Европскиот автомобил за 2014 година Peugeot 308, 301, 2008, 3008, 508, 508 SW, како и да споредат тјунирано и нетјунирано возило како дел од програмата за професионален тјунинг на Euroimpex.

  • Од организацијата со гордост најавуваат изложување на следниве модели:
  • Најстарото изложено возило ќе е возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година.
  • Најстарото Peugeot возило ќе биде возилото Peugeot 404, произведено во 1968 година.
  • Најстар мотоцикл на оваа изложба имаат можност да го видат и мотоциклот Yava, произведен во 1930 година.
  • Оваа година за прв пат на изложбата ќе имаме ново учество од соседството. Од Косово ќе биде изложен Peugeot 304 кабриолет.
  • Исто така оваа година за прв пат ќе се доделат пехари и тоа за 3-те недобри возила на изложбата и за 3-те најдобри Peugeot возила.
  • Изложбата на историски возила ќе биде збогатена со олд тајмер – автобуси и историско противпожарно возило.


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.