full screen background image
Search

Formula 1: Победа на Хамилтон во Канада, 1-2 за Mercedes!

Луис Хамилтон освои лесна победа пред колегата Нико Розберг, а Валтери Ботас стигна до својот прв подиумски финиш оваа сезона!

Хамилтон започна на пол-позицијата, и во ниту еден момент не ја изгуби првата позиција во текот на трката, а се одлучи само за едно влегување во боксот. Иако трката изгледаше лесна, сепак борбата меѓу Хамилтон и неговиот колега Розберг беше силна до самиот крај.

Edifice-baner-600

Обата возачи притискаа силно – но сепак на неколку моменти Хамилтон доби наредба да штеди гориво, а Розберг мораше да го намали темпото за да ги олади сопирачките – и за време на овие рестрикции „дупката“ меѓу двајцата колеги се намалуваше и се зголемуваше, но сепак на крајот Хамилтон стигна до победа со предност од 2.2 секунди. Со неговата победа тој сега има 151 поен – 17 поени повеќе од Розберг кој сега има 134 поени.

Иако Кими Раиконен се бореше за третата позиција, откако се изврте на 27-миот круг третата позиција му припадна на Валтери Ботас. На петтата позиција заврши Себастиан Фетел (кој тргна од 18-тата позиција), а зад него заврши Фелипе Маса (кој тргна од 15-тата позиција). Пастор Малдонадо и Роман Грожан завршија на седмата и осмата позиција соодветно.

На табелата на конструкторите води Mercedes со 285 бодови, додека втори се Ferrari со 180, а на третата позиција е Вилијамс со 104 бодови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.