Несекојдневно: Европскиот Автобус на Годината за 2014 на турнеја низ Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Несекојдневно: Европскиот Автобус на Годината за 2014 на турнеја низ Македонија!

Иако автобусите не се наша главна тема на интерес, сепак ја искористивме можноста да се повозиме во Европскиот Автобус на Годината за 2014!

Изминативе неколку дена, Setra, производителот на автобуси кој е под капата на Mercedes-Benz, организираше презентација на својот автобус S 515 HD во Македонија. Автобусот е добитник на наградата „Европски Автобус на Годината за 2014“ и ние самите можевме да се увериме во неговите квалитети. Не би било коректно да кажеме дека се разбираме нешто посебно во автобуси, но останавме позитивно изненадени од комфорот и атмосферата кои ги нуди S 515 HD – кои се целосно неочекувани за еден автобус.

Автобусот е придвижуван од 10.7-литарски 6-цилиндерски турбодизел кој испорачува 422 коњски сили, а дополнително има на располагање цели 2100 Nm вртежен момент. Има резервоар за гориво со капацитет од 480 литри и нуди простор за 51 патник.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.