Официјално: Доаѓа новата Opel Astra, ветува намалена тежина за 200 килограми! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Доаѓа новата Opel Astra, ветува намалена тежина за 200 килограми!

Новата Astra е малку помала од својот претходник, но ветува повеќе простор во внатрешноста и подобрена динамика – а значителен дел од тоа се должи на намалената тежина од 200 килограми!

Значителното намалување на тежината се должи на новата платформа, но и намалената тежина на каросеријата – само каросеријата е олеснета од 357 на 280 килограми, а дополнителни 50 килограми се намалени од платформата. Вкупното намалување е до 200 килограми, а сето тоа ќе се одрази на агилноста и на потрошувачката. Новата Astra е долга 4370 милиметри и висока 1460 милиметри – тоа ја прави скоро 50 милиметри пократка од претходната генерација, но и меѓуоскиното растојание е скратено за 20 милиметри.

Новата Astra ќе се нуди со бензински и дизел мотори со зафатнина до 1.6 литри – од 95, па сè до 200 коњски сили. Неизбежна е и OPC изведба која се очекува да има околу 260 коњски сили. Сите турбодизели се со зафатнина од 1.6 литри и нивната моќниост започнува од 95 коњски сили, а бензинците започнуваат од 1-литарскиот Ecotec Direct Injection Turbo со 105 коњски сили.

Еден од најважните новитети е новиот 1.4-литарски турбо-бензинец со 145 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, и овој мотор се очекува да биде меѓу најпопуларните. Луѓето од Opel се особено горди што новата Astra ќе нуди технологии од автомобили кои припаѓаат на повисоките сегменти – сервисот за  конективност и асистенција Opel Onstar, какои 4G LTE поврзливост, итн, а секако тука е и опеловиот IntelliLink систем кој ќе се нуди со интегрирани Apple CarPlay и Android Auto, а за прв пат во сегментот ќе се нудат и IntelliLux LED предни светла.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.