full screen background image
Search

Volkswagen Golf Variant Biturbo Edition – Екстремен Golf караван со 240 коњски сили!

Можеме да кажеме дека беше само прашање на време кога некој ќе го прифати предизвикот и ќе го вгради 2-литарскиот BiTDI од Passat во Golf – и токму тоа се случи!

Тимот на практиканти од фабриката на Volkswagen во Wolfsburg го направи токму тоа – и го претстави Volkswagen Golf Variant Biturbo Edition на овогодинешниот Worthersee. Погодувате – под караванската каросерија се крие 2-литарскиот BiTDI со 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент кој ние добро го познаваме благодарение на Volkswagen Passat, а силата се пренесува кон сите четири тркала благодарение на 4Motion погонот и неизбежниот DSG менувач со двојна спојка.

Volkswagen не објавува никакви информации околу перформансите, но ако Passat со овој мотор може да забрза до 100 километри на час за 6.1 секунда, тогаш сигурни сме дека Golf ќе успее да го постигне тој бенчмарк за помалку од 6 секунди – импресивно, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.