full screen background image
Search

Претставена осмата генерација на Toyota Hilux!

Toyota го претстави новиот Hilux кој е поголем и порафиниран, а ќе се нуди со бензински и дизел мотори!

Новиот Hilux е замислен да биде помодерн и попривлечен од моделот кој го заменува, па затоа доаѓа со похрабар дизајн и со порафиниран ентериер. Веднаш се забележуваат исфрлените крила и карактерните линии, а стандардно во задниот браник ќе биде вградувата паркинг камера која треба значително да го олесни маневрирањето со овој робустен пикап.

Во зависност од пазарот, Hilux ќе се нуди со 2.4-литарски турбодизел со 160 коњски сили и 400 Nm, Како и 2.8-литарски турбодизел со 177 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Ако сакате бензинец (иако тоа и не е баш логично во овој сегмент), тука е 2.7-литарскиот четири-цилиндерски атмосферски бензинец со 164 коњски сили, а доколку сакате нешто навистина интересно, тука е 4-литарскиот шест-цилиндерец со 278 коњски сили. Ќе можете да изберете меѓу шест-степен мануелен или автоматски менувач.

Новиот Hilux ќе има капацитет за влечење на 3500 килограми, како и носивост од 1240 килограми.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.