full screen background image
Search

Новиот Škoda Superb Combi – Поголем, покомфорен, попрактичен!

Караванската изведба на Superb е меѓу рекордерите во класата – на своите купувачи ќе им понуди меѓу 660 и скоро 2000 литри багажен простор!

Огромната понуда на простор се должи на 80 милиметри подолгото меѓуоскино растојание и проширената трага на автомобилот. Меѓуоскиното растојание сега е 2841 милиметар, а трагата е проширена на 1584 милиметри напред и 1572 милиметри назад – а резултатот на тоа е уште повеќе простор во ентериерот – како за возачот и совозачот, така и за патниците – всушност, Superb нуди скоро двојно повеќе простор за колената на задната клупа од својот најблизок конкурент.

skoda-superb-combi-front

Со Superb Combi, Škoda поставува и нов бенчмарк во класата кога станува збор за багажен простор – со исправени задни седишта на располагање ќе имате цели 660 литри, а доколку ги спуштите ќе ви бидат достапни 1950 литри багажен простор! Во понудата ќе се најдат истите бензински и дизел мотори кои се достапни и кај седанот, а неизбежно ќе следи и поробустната Scout верзија.

skoda-superb-combi-side

Премиерата на Skoda Superb Combi е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт во Септември, а првите пазари ќе го добијат новиот караван во истиот период.

skoda-superb-combi-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.