G-Power BMW M6 – Екстремен M6 со 1001 коњска сила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

G-Power BMW M6 – Екстремен M6 со 1001 коњска сила!

На луѓето од G-Power не им се непознати екстремни бројки, но со нивниот M6 го привлекоа вниманието на сите – а има и зошто!

Во ред – екстремниот бодикит можеби нема да биде по сечиј вкус, но сигурни сме дека ако возите ваков супер-моќен автомобил ќе сакате барем малку да се разликувате од околината. Она што е најважно е што се крие под поклопецот на моторот – луѓето од G-Power целиот пакет го нарекуваат G-Power Kompressorsystem и во максималната конфигурација може да понуди 1001 коњска сила на 8000 вртежи и 900 Nm вртежен момент при 6000 вртежи во минута.

За да се постигнат 100 километри на час се потребни 4.3 секунди (0.1 секунда повеќе од стандардниот М6 – најверојатно заради проблеми со тракцијата), но максималната брзина е 370 километри на час, а 200 километри на час пристигнуваат за само 9 секунди!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.