Автосообраќајниот Училишен Центар „Боро Петрушевски“ од Скопје најавува голем настан на 24-ти Мај оваа година!
Големиот промотивен настан ќе се оддржи на 24ти Мај оваа година, на полигонот на училиштето. Една од целите на промотивниот изложбен собир на автомобили и моторцикли е да се промовира училиштето, но и авто-мото клубот на АСУЦ.
Автомобилите ќе се натпреваруваат во неколку различни категории – како што се Young Timers, Old Timers, Tuned Cars, Sound Check и Luxury Cars. Организаторите ветуваат голема забава, а и ние од CARclub.mk ќе бидеме присутни на настанот со наши автомобили и членови. Се гледаме таму!