Автомобилите и моторциклите на BMW веќе подолго време се поврзани со Mission Impossible филмовите, но овој пат таа асоцијација оди чекор понатаму!
Во трејлерот нема да го видите само хибридниот BMW X5, туку ќе видите и нов M3, како и S1000 RR моторцикл. Хибридниот X5 има 2-литарски турбо-бензинец и електромотор, а силата ја пренесува преку 8-брзински Steptronic менувач. Вкупната комбинирана моќност е 313 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час трае 6.8 секунди, а максималната брзина е 210 километри на час.