full screen background image
Search

Mansory Carbonado – Ултра-егзотичен Lamborghini Aventador со 1233 коњски сили!

Lamborghini Aventador не ви е доволно ексклузивен и моќен? Тука е Mansory Carbonado кој покрај ексклузивната каросерија носи и твин-турбо V12 кој испорачува 1233 коњски сили!

Самото име на Carbonado кажува дека тука зборуваме за Avengator кој е значително преработен и персонализиран од страна на Mansory. Целиот автомобил е поширок, и е обвиен во каросерија изработена од карбонски влакна. Но модификациите не завршуваат тука – луѓето од Mansory се погрижиле и за перформансите – па сега големиот V12 соработува со два турбополначи!

Тоа значи 1233 коњски сили, забрзување до 100 километри на час за 2.6 секунди и максимална брзина од 380 километри на час – побрз „до стотка“ од обичниот Aventador за 0.3 секунди, и со 30 километри повисока крајна брзина. Заинтересирани?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.