Mansory уште еднаш покажа дека парите не купуваат вкус – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mansory уште еднаш покажа дека парите не купуваат вкус

Тјунерот Mansory го преработи новиот BMW M5 и му даде вкупно 850 коњски сили. Ама џабе, кога изгледа вака…

Инженерите на Mansory си ја завршиле работата во однос на перформансите – стандардниот M5 испорачува 727 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент, а по малото внимание од Mansory сега располага со 850 коњски сили и 1150 Nm. Како што кажуваат (по)старите – од многу не боли глава.

Но боли глава од бодикитот на Mansory. Океј, веќе сме навикнати на вулгарни „излети“ токму од Mansory, но нивната (ајде да ја наречеме) реинтерпретација на BMW M5 е… Нешто посебно. Препознаваме многу карбон – на предниот и задниот браник, ретровизорите, на места околу прозорците и на уште неколку локации. Добива и нови, огромни 22-инчни тркала. Но она што „боде очи“ е несомнено крајот на издувниот систем. Веќе се појавуваат реакции дека личи на издувниот систем на Civic Type R, со три цевки кои се позиционирани на средината на браникот.

Кабината добива темелно преработена кабина, со седишта делумно обвиена во сина кожа. Суптилно? Не, секако дека не, но ако сме искрени – ниту еден модел на Mansory не суптилен.

И сето ова највероајтно чини многу. Не, не знаеме колку, ама не е ни важно. Сè уште не ни се верува како изгледа задниот дел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.